Во населба 11 Октомври приведени 4 лица, нападнале чувар на објект

Ноќеска околу 4 часот на автобуска постојка во населба 11 Октомври полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода ги лишиле од слобода С.Т.(24), А.К.(18), Ф.В.(18) и Н.М.(21), сите од Скопје, бидејќи физички го нападнале Д.Б.(44) од с.Студеничани, Скопско, вработен како чувар на објект во изградба, нанесувајќи му тешки телесни повреди, бидејќи тој во 02.40 часот ги пријавил дека го нарушуваат јавниот ред и мир. 

Д.Б. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе