Во напуштено возило кај Градско откриени седум мигранти од Авганистан

Седуммина мигранти од Авганистан биле пронајдени ноќеска во возило пред патарината кај Градско и префрлени се во Прифатниот центар Винојуг кај Гевгелија, информира МВР. 

„На 18.09.2019 околу 01.30 на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „ауди А8” и „фолксваген фејтон”, но возилата не застанале. 

Околу 02.15 часот, пред патарината кај Градско, било оставено возилото „ауди А8". При преглед во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан. Мигрантите се однесени во Прифатниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка”, пишува во информацијата од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе