Во македонски камион откриени мигранти скриени во кафези за багери

Српските цариници на граничниот премин Хоргош на границата со Унгарија вчера откриле мигранти во македонски камион кој превезувал безбедносни кафези, информираше Царинската управа на Србија.

Цариниците на снимките од скенерот забележале човечки силуети во металните кафези за работни машини-вилишкари, багери, кранови и слично, кои од Македонија требало да бидат транспорирни за Белгија.

Овие кафези се наменети за луѓе што работат на овие машини и имаат страничен отвор за да влезе работникот, така што мигрантите го искористија токму тоа. Кафезите имале заштитна обвивка и било јасно дека некој им помогнал да влезат во овој карго, без разлика дали станува збор за други мигранти или шверцери на луѓе.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе