Во лов на диви свињи ловџија пукал во колега

Во битолската полиција вчера околу 22 часот било пријавено дека во село Габалавци, на местото викано Бакици-нива, Р.М. (38) од истото село заедно со Љ.Н. (56) и Г.А. (33) и двајцата од Логоварди, се упатиле кон нивата во сопственост на Р.М.

Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка за која поседувал дозвола со цел лов на диви свињи. Кога стигнале на местото на настанот Г.А. останал во патничкото возило, а Р.М. и Љ.Н. се упатиле кон нивата. Љ.Н.  испукал кон Р.М., според пријавеното, од невнимание.

Р.М. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од  СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе