Во Куманово приведени две лица за криумчарење мигранти

Вчера на улицата „11 Октомври“ во Куманово и во село Никуштак, општина Липково, полицијата приведе две лица, Ш.Б.(36) од село Сингелиќ, скопско и Г.Ј. (46) од Скопје.

На автопатот Табановце-Куманово, полициски службениици го забележале Ш.Б. како со возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти. Истовремено, на истата локација бил забележан и Г.Ј., како со возило „рено флуенс“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти.

Двајцата не застанале на даден знак за запирање, но во 22.10 часот Ш.Б. бил сопрен и во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Индија, додека во 22.20 часот во село Љубодраг, кумановско, биле пронајдени уште пет лица – мигранти, кои од возилото ги симнал Г.Ј.. Малку подоцна во с.Никуштак, Г.Ј. бил запрен и лишен од слобода.

Возилата биле одземени, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе