Во Куманово „мерцедес” удрил во жардињера, двајца повредени

Две лица се повредени вчера попладне околу 17.20 часот на бул.„3-та МУБ“ во Куманово, кога патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера. 

МВР соопшти дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д., а сопатничката Ф.С.(19) од с.Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. 

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе