Според информациите на Центарот, територијалната противпожарна единица интервенирала на опожарен автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ со едно противпожарно возило и пет пожарникари.
СВР Куманово ја потврди информацијата и информираше дека во 04:50 часот во СВР Куманово од Противпожарната единица Куманово е пријавено дека на булеварот во Куманово, во близина на угостителски објект, било опожарено паркирано возило.
„Патничко моторно возило БМВ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. (30) од Куманово, а кое било паркирано од М.И. (21) од Куманово. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти полицијата.