Во куќа во Прилеп најдени пиштоли и куршуми

Полициски службеници денеска привеле двајца прилепчани, кај кои при претрес во нивните домови биле пронајдени и најдени два пиштоли и шест куршуми, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија денеска ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna" без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава" и 6 куршуми калибар 6,35 мм“, посочуваат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе