Во куќа во Доброште најден кокаин

Полицијата вчера најде дрога и во домот на 32-годишен жител на Доброште, откако во вторникот кај него беа најдени 13 пакувања кокаин. По приведувањето во вторникот, вчера со судска наредба од 14 часот и 30 минути до 16 часот, бил направен претрес во неговиот дом.

Во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште биле пронајдени кокаин , екстази и дигитална вага. По приведувањето во вторникот навечер бил задржан во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена. Вчеравечер тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје" во Скопје за издржување на притворот информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Осомничениот ќе одговара за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик. 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе