Во Скопје

Во контејнери најдени навлака од ракетен фрлач и граната од рачен фрлач

Вчера во 12.40 часот било пријавено дека на ул.„Вуковарска" во Скопје во два одделни контејнери биле пронајдени навлака од ракетен фрлач и граната од рачен фрлач, кои најверојатно биле школски.

Во врска со пронајдените предмети приведен бил  М.Ѓ. (68) од Скопје, соопшти полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје, Одделот за Антитероризам и Единицата за недозволена трговија.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе