Во контејнер од товарен воз откриени 15 мигранти, на автопат уште 24

Во два одделни случаи, вчера полицијата открила вкупно 39 мигранти, од кои 15 во товарен воз, а 24 на автопатот А-1, информира МВР.

Синоќа во 22.20 часот во Полициската станица „Табановце-железнички“, вработен во Македонски железници пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција-Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти. Полициски службеници извршиле преглед и констатирале дека 13 лица се од Авганистан и две од Пакистан. Лицата се сместени во Транзитен камп „Табановце“ за понатамошна постапка. 

Претходно истиот ден, на автопатот А-1, на потегот од с.Смоквица до с.Милетково, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија пронашле 24 лица-мигранти. Сите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе