Во комбе со скопски регистрации полицијата пронашла 58 мигранти

Полицијата вчера околу 12.30 часот, на автопатот Гевгелија-Скопје, после клучката Смоквица, во комбе „форд транзит" со скопски регистрации пронашла 58 мигранти.

Од нив 56 биле од Пакиста, а двајца од Сирија. Кога полицијата го запрела комбето, возачот избегал.

Петнаесетина минути подоцна, на влезот во Гевгелија полицијата запрела автомобил „голф“, кој претходно се движел пред комбето со мигранти и поради сомнение дека се вмешани во криумчарењето, привеле 22-годишно момче од Богданци, 27-годишник од Гевгелија, а подоцна било приведено и едно лице од Косово.

Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе