Во Кичево приведени двајца кај кои е пронајдена марихуана, кокаин и куршуми

Кокаин, марихуана и кушршуми вчера беа пронајдени во домовите на двајца кичевци. Двацата се приведени и заработија кривична пријава.

Како што информира портпаролот на СВР-охрид Стефан Димоски, вчера полициски службеници од ОВР Кичево извршиле претрес во домот на И.З. (58) од Кичево, при што биле пронајдени и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Вчера, при извршена контрола на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. Во врска со овој настан, приведен и лишен од слобода е А.К. (24) од Кичево“, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе