Во казино во Крива Паланка нападнати три лица

Во казино во Крива Паланка синоќа физички биле нападнати три лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од село Страцин.

На 23 септември 2021 во 22.06 часот, во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека е извршен физички напад врз тројца млади од кратовското село Страцин. Нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од Страцин, кој пријавил дека врз него и неговите пријатели – 30- годишниот С.М. и М.М. е извршен физички напад, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Посочи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе