Во кавга за имотот го пробол брат му

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга, за сторено кривично дело тешка телесна повреда при семејно насилство по чл. 131 став 2 од КЗ на РМ.

Според полицијата на 5 август во семејниот дом по нарушени семејни и нерасчистени имотно правни односи, дошла до вербална и физичка расправија помеѓу браќата О.Н. (31) и Т.Н., при што во еден момент Т.Н. со џебен патент нож му нанел повреди во пределот на стомакот на неговиот брат, по што избегал од местото на настанот.

Повредениот бил пренесен на хирушко одделение при Медицинскиот Центар во Струга каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе