Во камион откриени 50 емигранти, меѓу нив 4 деца

Педесет мигранти меѓу кои 4 деца биле откриени во камион, вчера на автопатот Гевгелија - Скопје. Возачот кој го управувал камионот избегал, а полицијата засилено го бара.

Полициска екипа вчера во 11 часот, во близина на селото Смоквица, сопреле товарно возило „ивеко “ со скопски регистарски ознаки. 

Возачот го сопрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место. При контрола во просторот за товар, биле пронајдени 50  мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца.

Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе