Поради кршење на здравствените мерки

Во кафеана во Желино затекнати гости и албански танчерки - сопственикот лишен од слобода

Во вечерните часови, по дозволеното работно време, во кафеана во селото Желино биле затекнати гости и шест државјанки на Албанија без регулиран престој во земјава. Сопственкот е приведен.

Вчера во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во тетовското село Желино, сопственост на З.С.(48) при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите, информира МВР.

Објектот бил затворен, а сопственикот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе