Во кафеана во Тетовско приведени сопственикот и 18 странски државјанки

Полицијата од Тетово при контрола во угостителски објект на локалниот пат за село Сараќино констатирале дека објектот е отворен и во него биле затекнати седум гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик. Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР денеска соопштија дека се работи за угостителски објект, во сопственост на А.М. (38) од Тетово, а контролата е извршена по пријава дека работел спротивно на Одлуката донесена од Владата.

„Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х. (25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа затвор Идризово“, се наведува во соопштението од МВР. 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе