Во јули и август казнети 1.529 моторџии

Секторот за сообраќајни работи во Одделот за униформирана полција при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на државата во текот на јули и август 2020 година констатира 1.529 прекршоци сторени од лица кои управувале мотоцикли.

Од МВР информираат дека од констатираните 1.529 прекршоци, 326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.

Од МВР соопштуваат дека при контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничка исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан, кој е предмет на сомнение за сторено кривично дело

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе