Во југо најден хероин, еден приведен

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија утрово го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од гевгелиското село Стојаково. Како што соопшти МВР, при преглед кај Ѓ.Ќ. и во возилото застава југо со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херoин.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно расчистување и документирање на случајот против него, како што се наведува, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе