Во Скопје

Во изминатите три дена 23 сообраќајки, повредени 14 лица

Во изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје се случиле 23 сообраќајни несреќи, во кои со телесни повреди се здобиле 14 лица.

Според денешните информации од СВР Скопје 110 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 80 возачи и тоа 29 кои управувале возило под дејство на алкохол, 44 пред да се стекнат со право на управување, а седум возачи почетници. Полицијата исклучила од сообреаќај и 51 возило, од кои 39 биле не регистрирани, а 12 технички неисправни.

Пајакот подигнал 80 возила кои биле не прописнхо паркирани.

За не користење заштитен шлем односно кацига, полицијата казнила 30 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе