Во изгорена барака во Тетово најден машки труп

Утрово околу 4.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во импровизирана дрвена барака на ул. Љубо Божиновски-Пиш, во непосредна близина на спортската сала во Тетово. 

Во пожарот бараката целосно изгорела, а на местото било пронајдено изгорено, безживотно машко тело.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе