Во Градец пронајдена марихуана во возило и во куќа

Вчера околу 16.30 часот во село Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ш. (25) и В.И. (30) од гостиварско Врапчиште, бидејќи при преглед во нивното патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана.

Како што соопшти МВР, нешто подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории на С.Ш., при што била пронајдена и одземена марихуана.

Двете лица се задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе