Во Гостивар затворен ресторан, приведени пет танчарки од Албанија и Косово

Сопственик на угостителски објект во гостиварско Добридол и пет странски државјанки се приведени, откако било утврдено дека во објектот не се почитуваат заштитни мерки и имало злоупотреба на престој во државава.

Според СВР Тетово, вчера вечер од  23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ДПИ спровеле акциска контрола во угостителски објект, сопственост на  З.Б. (47) од гостиварски Добридол.

Во локалот лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот на Гостивар било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со ковид-19.

Сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Тој исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, наведуваат од СВР Тетово.

При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки, танчерки, од кои три од Албанија и две од Косово, на возраст од 26 до 45 години, кои го злоупоттебиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе