Во Гостивар приведени три лица, краделе на пазар

Полициски службеници на СВР Тетово - полициска станица Гостивар, на 29.10.2019 околу 12.30 часот на ул.„Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар ги лишиле од слобода С.Р.(56) од Скопје и А.М.(40) и Х.А.(68), двајцата од Приштина, Република Косово, кои во периодот од 10 до 12 часот, на гостиварскиот голем пазар извршиле џепни кражби на М.М.(68) од гостиварското село Форино и Б.Ш.(70) од гостиварско Дебреше.

„Тројцата кои се сомничат за десетина извршени кражби на паричници на гостиварското  подрачје се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе