Во Гостивар најден хероин

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 15:15 часот на улица „Гоце Делчев" во Гостивар ги лишиле од слобода К.С.(52) и М.А.(60) од Гостивар, затоа што при преглед кај К.С. биле пронајдени 34 пакувања хероин.

Како што информираат од МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе