МВР информира

Во „голф“ успеал да качи девет мигранти, уапсен е кај Удово

Жител на селото Крушопек бил запрен кај селото Удово, а во неговиот „голф“ полицијата виде девет мигранти од Сирија и Индија, Изгледа автомобилот „голф“ е популарен кај криумчарите, пред 10 дена беа уапсени двајца српски државјани кои успеале да качат исто толкав број на мигранти - девет лица од Куба. 

Пет минути по полноќ полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат село Удово - Дeмир Капија го привеле Ј.Л. (23) од селото Крушопек, кој во патничко моторно возило „голф" превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија, информира МВР.

Полицијата го известила јавниот обвинител и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе