Во Гевгелија проведени 19 мигранти од Куба

Во две одделни акции полицијата во Гевгелија и во близина на границата со Грција привела 19 мигранти, сите од Куба, кои нелегално влегле во државата, соопшти МВР.

Синоќа во 20.40 часот во Гевгелија и во близина на граничната линија со Грција, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени 15 лица мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница.

Претходно во 17.20 часот во Гевгелија, полицијата лишила од слобода четири лица мигранти од Куба, кои илегално влегле од државата.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе