Во еден ден уапсени петмина наркодилери

Вчера во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.М.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

„Исто така вчера во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во близина на езеро Треска, го лишиле од слобода В.Ј.(25) од село Глумово, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а околу 23 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.К. (19) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир ги лишиле од слобода Е.А.(32) и Б.Р.(36), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана“, информираат од МВР.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе