Во две возила биле криумчарени 13 мигранти

Во две возила, „бмв“ и „сеат“ возачите криумчареле вкупно 13 мигранти. Возачите се обиделе да ѝ избегаат на полицијата, но биле пронајдени и уапсени.

Синоќа на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица" дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо", со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него биле откриени 7 лица мигранти од Сирија. Возачот е уапсен по полноќ и е утврдено дека се работи за О.И. (21) од селото Црвена Вода, општина Студеничани.

Во исто време со обидот за запирање на „сеатот“, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв", со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе