Во два одделни случаи откриени 12 мигранти од Авганистан и од Турција

Полицијата во два одделни случаи, на патот Градско-Велес и на велешка патарина, открила 12 мигранти во возила, 10 од Авганистан и двајца од Турција, соопшти МВР.

Ноќеска после полноќ на регионалниот пат Градско-Велес полициски службеници од СВР Велес забележале патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење. По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Два часа подоцна на пункт „Отовица“, полициски службеници од Полициското одделение Чашка, при преглед на патничко  возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј.(23), а совозач бил М.Ј.(19), двајцата од Скопје, пронашле двајца мигранти од Р.Турција. Осомничените биле приведени во полициска станица.

Полицијата работи на расчистување на случаите.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе