Во болница донесен маж со прострелни рани

Вчера околу 8 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на 11 октомври околу 7.40 часот во Градската општа болница „8-ми Септември" бил примен В.С. (33) од Скопје со повреди од огнено оружје на десната страна на лицето, десното колено и десната рака.

Имено, велат од полицијата, В.С., истиот ден бил на лов на „Зајчев Рид“ и околу 7 часот, додека се движел кон местото викано „Бардовечко брдо“, слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со телесни повреди.

Врз В.С. била извршена хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе