„По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од Република Северна Македонија) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60), при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава“, рече Ангеловски.
МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.
„Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период“, додава Ангеловски.