Акција на специјалната полиција

Во битолска фирма со одземена лиценца за производство на канабис, запленета дрога вредна 800.000 евра

Во акција на специјални полициски сили вчера во Битола уапсени се пет лица и е запленета дрога чија вредност е процената на околу 800 илјади евра. Во фирма на која за производство на канабис лиценцата ѝ била одземена уште лани, биле затекнати жени како пакуваат цвет од марихуана, по што биле најдени 250 килограми марихуана.

„По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, објавена во 'Службен весник“ бр.121 од 03.06.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.04.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување на канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.

„При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис“, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе