Во Битола приведени две лица барани по потерница за доиздржување затворски казни

Полициски службеници од  СВР Битола, вчера на две локации во Битола ги лишиле од слобода В.К.(43) од Прилеп и Д.Р.(24) од Битола.

МВР информира дека В.К. бил баран со потерница од Основен суд Прилеп за доиздржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

За Д.Р. била распишана потерница од Основен суд Битола со која се барал за доиздржување казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Двете лица биле спроведени во Казнено - поправната установа Затвор Битола за доиздржување на казните. 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе