Во Битола приведен скопјанец, баран по три потерници

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Полициска станица Битола ноќеска во Битола го лишиле од слобода скопјанецот Р.Е.(24).

а него биле распишани три централни потерници и два централни расписa, од кои една потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а две потерници од Основното јавно обвинителство Струмица, за постоење основано сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“, „тешка кражба“ и „разбојништво“. Како што соопшти МВР, двата расписа се поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ од Единицата за внатрешни работи Карпош и Единицата за внатрешни работи Гази Баба.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Битола за понатамошна постапка.

 

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе