Во полициска контрола во Чаир

Во автомобил на штипјани најдени 30 шишиња со метадон

Полицијата денеска во скопската населба Чаир запрела автомобил со штипски регистерски таблички и по претресот на возилото биле пронајдени 30 шишиња со метадон. Приведени се двајцата штипјани, а потоа кај нив биле пронадјени и куршуми како и еден пиштол.

„Денеска, околу 12 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во скопската општина Чаир запреле патничко моторно возило 'сеат толедо' со штипски регистерски ознаки, управувано од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип и при извршен преглед во возилото се пронајдени 30 шишиња метадон. Лицата се лишени од слобода, а по добиена судска наредба полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во домот во кој живее А.П. во Штип и при претресот се пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми“, велат од МВР.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе