„Денеска, околу 12 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во скопската општина Чаир запреле патничко моторно возило 'сеат толедо' со штипски регистерски ознаки, управувано од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип и при извршен преглед во возилото се пронајдени 30 шишиња метадон. Лицата се лишени од слобода, а по добиена судска наредба полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во домот во кој живее А.П. во Штип и при претресот се пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми“, велат од МВР.
Во полициска контрола во Чаир
Во автомобил на штипјани најдени 30 шишиња со метадон

Црна хроника
Објавено на
28 Септември 2021 - 20:06