Во Арачиново полицијата синоќа претресла 54 лица и 11 возила

По информациите дека синоќа во Арачиново биле забележани зголемен број на полициски возила, денеска МВР соопшти дека била спроведена акција на повеќе локации.. Кај едно лице бил најден пиштол со куршуми, а претресени биле 54 лица.

„Влера полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Оперативен тим за Потраги и Одделот за специјални полициски операции извршија акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на с.Арачиново, скопско, при што лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите. Кај него бил пронајден пиштол "ТТ" и рамка со осум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик. Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила“, се вели во соопштението на МВР.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе