Од сообраќајката кај Карпалак

Во „8 Септември“ пренесени 35 патници, од нив двајца мртви и тројца многу тешко повредени

Вкупно 35 повредени патници од превртениот автобус, од кои двајца мртви и тројца тешко повредени патници, кои се борат за живот, се однесени во болницата „8 Септември“, а во Ургентниот центар на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ засега има пет пациенти, од кои четворица со сериозни, многу тешки повреди. Меѓу нив имало и една бремена жена и маж со тешки повреди на рбетот. 

Во Ургентниот центар веќе се повикани сите лекарски екипи за да дадат помош. 

Министерот за здравство Венко Филипче по тешката сообраќајка кај Карпалак соопшти дека веднаш се упатил на местото на несреќата.

„По тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина. Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција”, напиша Филипче на Фејсбук.

Во автобусот, кој се преврте околу 17 часот на автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци во близина на Карпалак, се наоѓале вработени во администрацијата и други институции низ Скопје, а си оделе дома, во Гостивар.

На лице место веднаш се протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекувањето на повредените. 

Несреќата, според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од коловозот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Според непотврдените информации, се работи за автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар. 

Фото: МИА 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе