Во 33 сообраќајки во Скопје, повредени 24 лица

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди, при што во 16 има повредени лица, а во 17 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 24 лица, од кои три потешко и 21 полесно.

Сообраќајната полиција казнила 109 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 15 возачи кои биле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 53 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и осум возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 65 нерегистрирани возила.

Издадени се 126 мандатни казни за непрописно паркирање, а 105 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Според информацијата од МВР, во истиот период, на црвено светло поминале 13 возачи, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување, а евидентирани се и 18 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За некористење заштитен шлем санкционирани се 28 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, како и седум возачи за неносење сигурносен појас.

Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале вон пешачки премин.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе