„Возилата со истечена регистрација и нерегистрираните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци, по што нивните сопственици ќе се соочат со парична глоба од 100 или 500 евра во денарска противредност, зависно од тоа колку време не им била продолжена регистрацијата. Возилата со истечена регистрација повеќе од шест месеци,пак, се времено одземени, а станува збор за вкупно 150 вакви возила и плус 32 возила кои биле одземени за преголема бучавост“, информира Марјан Јосифоски, поортпарол на СВР Тетово.
Минатата година вкупно се саннционирани и 290 возила со вградени неатестирани или непрописно поставени фолии.
„Покрај ова, лани биле санкционирани и 426 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол, а кои по откривањето исклучени се од сообраќај и времено им се одземени возачките доволи, но прекршителите се соочиле и со законски предвидените парични глоби“, информира Јосифоски.
Контролните активности продолжуваат и годинава, во функција на поголема сообраќајна безбедност на патиштата во Тетовскиот регион и пошироко, потенцираат од СВР Тетово.