Владата демантира дека било запалено нејзино возило

Владата ја демантира веста дека вчера на кеј Димитар Влахов, настанал пожар, при што било запалено патничко возило „ауди 4“, сопственост на Владата на Р.С.Македонија, објавена од МВР во дневен билтен.

„Ви праќаме информација поврзана со веста објавена на Вашиот портал со наслов „Опожарено „ауди 4" во сопственост на Владата", а во која е подвлечено дека „Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов", настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4", без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија", соопштуваат од МВР."

Ви посочуваме дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во демантот на Владата.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе