Викендов во Скопје 14 сообраќајки, пајакот подигнал 167 возила

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди од вкупно 14 што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 146 возачи кои се движеле со поголема брзина, 57 кои управувале возило под дејство на алкохол, 51 возач пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 18 почетници.

Исклучени се и пет технички неисправни возила, 42 нерегистрирани, едно за претовар, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 167 возила.

За непрописно паркирање на возилата казнети се 271 возачи.

Санкционирани се и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 за неправилно престројување и тројца за неправилно престигнување.

Казнети се и девет возачи за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе