Викендов спроведена контрола на дебарските и тетовските моторџии

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово викедов спроведоа акциска контрола во која се опфатени мотоциклисти. При тоа прекршочни платни налози добиле 41 лице, информираат од канцеларијата за односи со јавност при СВР Тетово.

„При контролата вкупно се откриени 44 прекршоци од кои 12 за не носење на заштитна кацига, 19 за управување без возачка дозвола , осум за истечена регистрација и пет за измината осигурителна полиса“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Воедно во санкционирањето на прекршоците на еден од мотоциклистите му е одземена возачката дозвола, а четворица се писмено опоменати.

Сообраќајната полиција од дебарската полициска станица од општа надлежност во текот на викендот спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоци кои ги прават возачи на мотоцикли.
Притоа, било констатирано дека еден возач управувал мотор без возачка дозвола, додека тројца не носеле заштитен шлем.

„Врз основа на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале четири прекршочни платни налози. Акцискате контроли беа спроведени со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кое со својата активност ја покрива дебарската полициската станица од општа надлежност, не е регистриран возач на мотоцикл кој управувал под дејство на алкохол.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе