Веселба за 200 лица, приведени петмина тетовци

Полицајци од Тетово утрово во 3.05 часот привеле тројца тетовци, сопственици на угостителски објект, кои организирале веселба со околу 200 гости. Приведени се и други две лица од Тетово, кои агресивно се однесувале кон полициските службеници.

„Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот се лишени од слобода С.Т. (26), М.Г. (26) и Н.П. (26), сите од Тетово, сопственици на угостителски објект, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик“, соопштија денеска од МВР.

Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости.

Во соопштението се наведува дека приведени биле и присутните Х.В. (20) и В.В. (35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе