Велосипедист загина на автопатот Тетово-Скопје

Велосипедист на 55 години од Скопје го загубил животот во на автотпатот Тетово-Скопје денеска околу 13 часот и 20 минути, информира тетовската полиција. Несреќата се случила на делот од автопатот во непосредна близина на Добарски надвозник.

„Велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно моторно возило „фолксваген кратер" со скопски регистарски ознаки. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено за обдукција.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе