Велосипедист во Гостивар починал откако бил удрен од кола

Велосипедистот А.Р. (73) од с.Чајле, гостиварско вчера на бул. „Гоце Делчев“ во Гостивар, бил удрен од автомобил што го управувал Б.Ќ. (66) од Гостивар. 

По незгодата, велосипедистот со такси возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани лесни телесни повреди, но бидејќи не се чувствувал добро бил задржан на понатамошно испитување. По кратко време, А.Р. со болничко возило, бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје, каде што утринава починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе