Во Кичево

Велосипедист удрил и тешко повредил пешак, па побегнал

Пешак со тешки повреди бил пренесен во болница во Кичево, откако во него удрил велосипедист и побегнал. Од МВР велат дека се трага по велосипедистот кој што ја предизвикал незгодата.

Вчера во 18,30 часот во Кичево, на улица „Маршал Тито", велосипедист удрил во пешакот Д.И.(64) од Кичево по што го напуштил местото на настанот.

На Д.И. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе