МВР билтен

Велосипедист тешко повредил пешак во Струмица

68-годишната Ц.Т. од Струмица е тешко повредена откако во неа удрил велосипедист и избегал. 

Во текот на вчерашниот ден во 14.00 часот на ул.,,Ката Поцкова’’ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц.Т.(68) од Струмица, по што велосипедистот го напуштил местото на незгодата.

Ц.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе